Курти: Со заеднички гранични премини на Блаце и Јажинце ќе биде олеснет протокот на граѓани
- Северна Македонија и Косово се обврзаа да направат проекти за одржлива енергија и енергетска ефикасност, како и да се зголеми и продолабочи соработката помеѓу експертите на енергетските компании од двете држави. Акцент ќе биде ставен и на снабдувањето со јаглен, за да се обезбеди поевтина цена за граѓаните и одржлив енергетски систем за подобрување на капацитетите на двете држави. Ова денеска го истакна премиерот на Косово Албин Курти, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, по одржувањето на меѓувладината седница во Приштина, каде беа потпишани меморандуми за соработка во делот на енергетиката, образованието и трговската размена.
You need to login to view this page en