Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола
- Во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. На оваа функција Мецола беше реизбрана со големо мнозинство на гласови по конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент во јуни оваа година, информира собраниската прес-служба. Гаши се заблагодарил за силната поддршка на европската перспектива на нашата земја која во континуитет ја дава Европскиот парламент и особено претседателката Мецола и изразил очекување таа да продолжи сѐ до полноправното членство на земјата во ЕУ.
You need to login to view this page en