Нашата желба и визија како две влади е да ја растуриме маглата од минатото и да гледаме јасно во иднината, порача Мицкоски од Приштина
- Сите политичари од минатото, коишто се темни сенки бидејќи не можете да ги слушнете како зборуваат за предлози и реформи, единствената карта на која што ја темелеа својата децениска политичка кариера беше криминал и корупција и етнички конфликти. Ние велиме сега ќе ја растуриме таа магла и ќе гледаме јасно во иднината. Ќе гледаме јасно во процесот на реформи, реструктуирање на нашите држави, борба против криминалот и корупцијата и тоа е нашата желба и тоа е нашата визија како две влади и така ќе продолжиме и во иднина да функционираме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на зедничката прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти.
You need to login to view this page en