• Wednesday, 19 March 2025

Кумановци се собраа на градскиот плоштад во знак на почит кон загинатите и повредените од пожарот во Кочани

Кумановци се собраа на градскиот плоштад во знак на почит кон загинатите и повредените од пожарот во Кочани

Куманово, 18 март 2025 (МИА) -  Кумановци, пред сè млади се собраа вечерва на градскиот плоштад да им оддадат почит на загинатите во пожарот во Кочани. Граѓаните запалија свеќи пред фотографиите на починатите.

Дел од младите носеа транспарентни со кои направија обиколка на главните градски улици, булеварот „Трета МУБ“, улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“, извикувајќи „Правда за Кочани“, „Доста е корупција“, „Правда за Македонија“

Дел од нив преку транспарентните ја искажаа својата тага, но и побараа и одговорност од надлежните институции за овој трагичен настан.

Кумановци и вчера мирно се собраа на градскиот плоштад, каде одадоа почит на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените.

Општина Куманово одвои два милиони денари за семејствата на загинатите и семејствата на повредените од пожарот во Кочани.ам/ар
Фото:МИА

You May Also Like