Во Кочани се одржа собир за поддршка и ослободување на притворените од обезбедувањето во дискотеката и верска молитва за повредените и починатите
- Во Паркот на Револуцијата во Кочани вечерва се одржаа два собира на кои присуствуваа голем број граѓани и роднини на настраданите во трагичниот пожар. Првиот собир, под мотото „Слобода за нашите херои“, се фокусираше на барањето за ослободување на притворените лица од обезбедувањето во дискотеката, кои учествувале во спасувањето на повредените. Вториот собир, предводен од митрополитот брегалнички Иларион, беше посветен на молитва за спокој на душите на загинатите и побрзо оздравување на повредените.

You need to login to view this page en