• Wednesday, 19 March 2025

Во Штип собир за загинатите во дискотеката во Кочани

Во Штип собир за загинатите во дискотеката во Кочани

Штип, 18 март 2025 (МИА) – Во тишина, со транспарентот „Доста е“ на кој беа испишани имињата на петмината штипјани загинати во дискотеката во Кочани, како и датумите на сите големи несреќи во земјава вечерва се одржа собир во Штип.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им одадоа почит на загинатите.

Роднини, другари, другарки, граѓани се собраа на Градскиот плоштад „Слобода“, а потоа во поворка одеа низ улиците на Штип, поминувајќи покрај соборниот храм „Свети Никола“, каде што биеше и камбаната, по што по улицата покрај кејот на река Брегалница поворно се вратија на Градскиот плоштад „Слобода“.вдј/ар
Фото:МИА  

You May Also Like