Конкурс „Јас, Итар Пејо”
- Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” – Скопје распишува Конкурс на тема „Јас, Итар Пејо”.
- Post By Сашо Арсовски
- 08:08, 14 March, 2025

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” – Скопје распишува Конкурс на тема „Јас, Итар Пејо”.
Сите заинтересирани автори од сите возрасти (нема никакви ограничувања) треба да испратат свои хумористични и сатирични прилози на следниов мејл: info@macedoniapresent.mk најдоцна до 25.3.2025 година.
Авторите треба да испратат хумористична или сатирична песна, расказ, карикатура, стрип, афоризми (десет), хумористично-сатирична книга и слично.
Резултатите од Конкурсот ќе бидат соопштени на 1 април 2025 година, кога ќе биде доделена и специјалната награда “Сатир” за најдобра хумористично-сатирична книга објавена во 2024 година, наведуваат до „Македонија презент”.са/
Фото: „Македонија презент”