• Wednesday, 15 April 2026

„Керамичар“ ја освои втората награда на 22. Меѓународен фолклорен изворен фестивал во село Ораовица кај Радовиш

„Керамичар“ ја освои втората награда на 22. Меѓународен фолклорен изворен  фестивал во село Ораовица кај Радовиш

Велес,14 април 2026 (МИА) – Првиот состав на Ансамблот „Керамичар“ од Велес за кореографијата „Лазаренки“ ја освои втора награда во силна конкуренција од 21 ансамбл од Македонија, Хрватска и Косово на 22. Меѓународен фолклорен изворен фестивал „Велигденски средби“ што  се одржа во селото Ораовица кај Радовиш. За наградата одлучила меѓународната жири комисија составена од членови од Македонија, Хрватска, Бугарија и Косово.


Томе Јаневски,претседател на управниот одбор на „Керамичар“ денеска за МИА информира дека се среќни со освојување на втората награда во силна конкуренција на овој фестивал, на  кој учествувале повеќепати, а во 2019 година биле првопласирани.

-Настапивме со кореографијата „Лазаренки“ со носија и игра од реонот на селото Бојмија, гевгелиско, која е дел од македонската традиција посветена на верскиот празник Лазарица што се слави една недела пред Велигден. Затоа орото се вика „Лазаренки“, а играорките беа облечени во богата живописна носија со парички на главата од селото Бојмија која пред некоја година ја купи Ансамблот „Керамичар“.

-Оваа кореографија е интересна за играње и привлечна за публиката во земјава, а посебно на гостувањата во странство и секогаш сме наградено со долги и силни аплаузи, појасни Јаневски.

Воедно најави дека по овој настап Ансамблот „Керамичар“ продолжува со напорни вежби и подготовки за настап на други фестивали во земјава и странство.ад/вј/

Фото :Ансамбл „Керамичар“