Кац: ИДФ ќе останат на пет стратешки точки во јужен Либан на неопределено време
- За време на проценката на ситуацијата со началникот на Генералштабот Ејал Замир и високи воени претставници, Кац нагласи дека израелската армија ќе остане на тие клучни позиции за да го заштити северниот дел на земјата, без оглед на идните преговори за 13 спорни точки на границата, објави ресорното министерство, пишува „Тајмс оф Изрзел“.
- Post By Сашко Димевски
- 13:08, 14 March, 2025

Тел Авив, 14 март 2025 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе останат на пет стратешки точки во јужен Либан на неодредено време, без оглед на преговорите за спорните погранични области.
За време на проценката на ситуацијата со началникот на Генералштабот Ејал Замир и високи воени претставници, Кац нагласи дека израелската армија ќе остане на тие клучни позиции за да го заштити северниот дел на земјата, без оглед на идните преговори за 13 спорни точки на границата, објави ресорното министерство, пишува „Тајмс оф Изрзел“.
Министерот и нареди на армијата дополнително да ги зајакне позициите и да се подготви за „долгорочен“ престој на овие локации.сд/
фото:МИА архива