• Tuesday, 14 April 2026

Капела, ја постигна својата прва тројка во кариерата на 31-годишна возраст

Капела, ја постигна својата прва тројка во кариерата на 31-годишна возраст

Хјустон, 13 април 2026 (МИА) - Центарот на Хјустон рокетс, Клинт Капела, ја постигна својата прва тројка во кариерата во натпревар од регуларната сезона на НБА против Мемфис Гризлис. 

- На почетокот не можев да поверувам... Дефинитивно еден од најдобрите моменти во мојата кариера, рече Капела.

Ракетите го добија натпреварот со 132:101. Капела имаше продуктивен натпревар, постигнувајќи дабл-дабл од 23 поени и 13 скока, заедно со три блокади и една украдена топка за 23 минути на теренот.

Играчот претходно имаше седум обиди за тројки во 12 сезони во лигата, но не реализира ниту една од нив. зс/

Фото: ЕПА