Романо: Мбапе се врати на тренинзите со Реал и е подготвен да игра против Баерн во ЛШ
- Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се врати на тренинзите со тимот и е подготвен да учествува во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн, објави новинарот Фабрицио Романо.
Мадрид, 13 април 2026 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се врати на тренинзите со тимот и е подготвен да учествува во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн, објави новинарот Фабрицио Романо.
Претходно беше објавено дека 27-годишниот Французин го пропуштил тренингот поради непријатност од посекотината на веѓата здобиена во ремито 1:1 со Џирона во 31. коло од Ла Лига. Во 89-тата минута, Мбапе беше удрен со лакт во лицето од дефанзивецот на Џирона, Виктор Реис. Судијата го игнорираше инцидентот, а напаѓачот лежеше на теренот со крваво лице додека не доби лекарска помош.
Реванш натпреварот со Баварците ќе се одржи на 15 април на „Алијанц Арена“ и ќе започне во 21 часот. Првиот натпревар заврши со победа на Баерн Минхен од 2:1.
Оваа сезона, Мбапе одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 39 гола и имаше шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА