• Wednesday, 15 April 2026

Адетокунбо за заминувањето на Риверс: Шок е за мене

Адетокунбо за заминувањето на Риверс: Шок е за мене

Милвоки, 13 април 2026 (МИА) - Јанис Адетокунбо реагираше на одлуката на Док Риверс да ја напушти својата позиција како главен тренер на Милвоки по последниот натпревар од регуларната сезона на Бакс против Филаделфија 76-ерс.

-Шок е за мене. Тој беше главен тренер 25 години, неверојатен професионалец, дефинитивно е легенда на лигата. Како што знаете, тој е член на Куќата на славните. Беше одлично да се работи со него. Треба да го побарам и да се осигурам дека е вистина, изјави двократниот МВП.

Риверс ги презеде Бакс на средина од сезоната 2023/24, заменувајќи го Адриан Грифин. Под негово водство, тимот доживеа два последователни испаѓања од првото коло од плејофот. 

Оваа сезона, Милвоки ја заврши регуларната сезона на 11. место во Источната конференција со 32 победи и 50 загубени натпревари. зс/

Фото: ЕПА