• Tuesday, 18 March 2025

Кавадарци оддава почит на загинатите во дискотеката во Кочани 

Кавадарци оддава почит на загинатите во дискотеката во Кочани 

Кавадарци, 17 март 2025 (МИА) - Кавадарци денеска оддава почит на загинатите во дискотеката во Кочани. Организаторите на настанот ги повикаа кавадарчани, со цвеќе или свеќа, да дојдат на градскиот плоштад. 

Истовремено, на Фејсбук страница посветена на градот Неготино, се повикува на донација за ужалените семејства со починати и повредени деца.

- Секој што може да остави како донација во форма на аналгетици, мелеми за изгореници, чиста памучна постелнина, завои, течности за отоци и слично,  слободно пишувајте предлози.  Во последниот дуќан од пазарот што го држи Здружение ,,Надеж Мит" во текот на цела недела ќе се собира донација, што потоа лично ќе биде однесена до Кочани, се вели во објавата. 

Бројни настани што беа закажани во Кавадарци за оваа седмица, се откажани поради трагедијата во Кочани. свд/сст/


Фото : МИА 

You May Also Like