• Saturday, 22 February 2025

Изгоре дел од куќа во пожар во Кавадарци

Изгоре дел од куќа во пожар во Кавадарци

Кавадарци, 21 февруари 2025 (МИА) - Изгоре дел од куќа во пожар во Кавадарци. Како што потврдија попладнево од Територијалната противпожарна единица за МИА, веднаш по појавата за пожарот, на лице место интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. 

- Пожарот е ставен под контрола. Успеавме да го спречиме огнот и не дозволивме да се прошири на други објекти. Наша екипа е се уште таму и ја следи состојбата, истакнаа од противпожарната единица. 

Оттаму рекоа дека засега не се знае точната причина за пожарот. Дополнително ќе се утврдувале причините и висината на материјалната штета. свд/дма/


Фото : МИА