Зиба: Редводно да се котролира здравјето на бубрезите, хроничната бубрежна болест е тивка и честа
- Пациентите кои спаѓаат во ризичните групи, особено со дијабетес и хипертензија редовно да го контролираат здравјето на бубрезите, преку лабараториски иследувања, порача денеска директорот на Специјалната болница за нефрологија – Струга, Јетмир Зиба по повод Светскиот ден на бубрегот - 13 март.

Струга, 13 март 2025 (МИА) - Пациентите кои спаѓаат во ризичните групи, особено со дијабетес и хипертензија редовно да го контролираат здравјето на бубрезите, преку лабараториски иследувања, порача денеска директорот на Специјалната болница за нефрологија – Струга, Јетмир Зиба по повод Светскиот ден на бубрегот - 13 март.
Бубрежните болести, особено хроничната бубрежна болест, нагласи, е тивка и многу често е запоставена и е во пораст.
-Не дава симптоми додека не се изгуби 90 отсто од бубрежната функција. Една лабараторија, проверка на крвна слика, а особено урина, која често пациентите ја игнорираат се особено важни да се види дали нешто се случува со бубрезите. Доколку во урината имаме наод на протеини, албумини што не треба да го има, значи нешто се случува со бубрезите, односно почнува бубрежна слабост. Токму во тие рани стадиуми може да влијаеме со лекарства и да ја намалиме прогресијата на хроничната бубрежна слабост, изјави Зиба за МИА.
Токму и целта на годинешното мото на Светскиот ден на бубрегот „Дали се вашите бубрези во ред? Откријте рано, заштитете го здравјето на вашите бубрези“, според него, е сензибилизација и подигање на свеста кај населението за здравјето на бубрезите.
- Ако болеста прогресира во петти терминален стадиум, тогаш има две методи на лекување, со хемодијализа и бубрежна трансплантација, истакна Зиба, подвлекувајќи дека загрижува бројот на заболени во светски рамки, кој е 850 милиони или 10 отсто од светското население, што е 20 пати повеќе од канцерогените болести и е еден вид пандемија.
За здрави бубрези, тој препорачува здрав начин на исхрана, внесување помали количини сол, физичка активност, регулирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок, конзумирање вода во соодветни количини, но и претпазливо користење лекови против болки и антибиотици.
-Апелирам граѓаните да водат здрав начиннан живот, да конзумираат повеќе вода, да избегнуваат пушење и алкохол, како и непотребно користење лекови, а пациентите со со шеќер и хипертензија да ги регулираат и да прават редовни лакерски прегледи за рано откривање бубрежна слабост, додаде Зиба.
Во Струшка нефрологија имаат околу 120 болнички пациенти на хемодијализа, најмладиот е околу 20-тина години, а има пациенти што одат на хемодијализа и над 35 години.
По повод Светскиот ден на бубрегот, синоќа Болницата беше осветлена во сина боја, во дворот беа засадени дрвја, а пациентите добија симболични подароци.сс/фф/
Фото: МИА