Во Кавадарци лица со попреченост се вклучија во физички активности за здрав живот
- Лица со попреченост се вклучија во физички активности за здрав живот во Кавадарци. Орданче Бошковски, раководител на Центар за невладини организации појасни за МИА дека раководејќи се од идејата преку инклузија на овие лица во спортот да придонесат до нивна поголема вклученост во општествениот живот, заедно со Клуб за спорт и рекреација на инвалиди, земјоделско - шумарското училиште „Ѓорче Петров“ и Здружението на слепи ги организираат овие спортски активности. За таа цел бил потпишан и Меморандум за соработка. Екипата за физички активности и заедничко дружење го добила името „Кавадаречки срца“.

You need to login to view this page en