Завршен настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“
- Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“.
На настанот кој се реализира во организација на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, ќе се обратат и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Даме Димитровски од Кабинетот на претседателот на Владата, одговорен за Зелениот климатски фонд и проект менаџерот во Канцеларијата на ГИЗ во Скопје, Марк Барет. дма/мд/
Фото: МИА архива