Делови од Радишани и Гази Баба без вода во текот на утрешниот ден
- Како што се појаснува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
- Post By Блаже Дарудов
- 18:10, 26 January, 2025
Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - Делови од општините Радишани и Гази Баба ќе останат без вода во текот на утрешниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Поради замена на вентил, без вода од девет часот ќе бидат ќе бидат корисниците од улицата „Боро Кралевски“, како и дел од „АФЖ“, „Киро Димишков“, „Ѓоре Ѓоревски“ и „1588“ во населба Радишани, во општина Бутел.
Исто така од девет часот без вода за пиење ќе бидат и корисници од улицата „Хаванска“ - „Вила Кастро“ во општина Гази Баба.
Како што се појаснува во соопштението, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. бд/аа/
Фото: МИА архива