• Monday, 27 January 2025

АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп

АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп

Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 – 100 метри има во Д.Капија и Петровец – Велес, Битола и Прилеп, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. аа/

Фото: МИА архива