Во тек е рехабилитација на регионалниот пат што ги поврзува Штип и Карбинци
- Почна рехабилитација на регионалниот пат што ги поврзува општините Штип и Карбинци во должина од 3,4 километри, а вкупната вредност е околу 30 милиони денари. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски и градоначалниците на Штип и Карбинци, Иван Јорданов и Виктор Паунов беа на увид во градежните работи.
Штип, 16 ноември 2024 (МИА) – Почна рехабилитација на регионалниот пат што ги поврзува општините Штип и Карбинци во должина од 3,4 километри, а вкупната вредност е околу 30 милиони денари. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски и градоначалниците на Штип и Карбинци, Иван Јорданов и Виктор Паунов беа на увид во градежните работи.
-Кога ќе заврши рехабилитацијата ќе ги направиме банкините и ќе овозможи побезбеден сообраќај, со тоа што овој пат не е со доволна ширина. Но, со неговата рехабилитација, со правењето на банкините ќе овозможиме побезбеден и посоодветен сообраќај на луѓето коишто се движат по овој пат. Сметам дека овие регионални патишта се од големо значење, со тоа што задржуваат развојот на општините и на градовите, бидејќи свесни сме дека граѓаните се повеќе се преселуваат во Скопје. Нашата цел е со подобрување на условите, а во еден од условите за да овозможиме услови луѓето да остонат во своите градови, рече Трајановски.
Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов истакна дека со рехабилитацијата на овој пат од штипската населба Баби до приградската населба Стар Кароарман се обезбедуваат побезбедни услови за транспорт на луѓе и стока.
-Согласно конфигурацијата на самиот терен согласен сум дека е навистина тесно грло. Оние точки коишто се најповеќе ограничени ќе бидат проширени со банкини, коишто ќе овозможат доволно проширување на самата траса во договор со градоначалникот на Карбинци и со директорот, Коце Трајановски се планира во иднина правецот кон општина Карбинци онаму каде што е најтесно грло се надевам дека ќе се изнајдат форми и начини со соодветен проект да добие проширување токму на таа делница, каде што најтесно грло, вели Јорданов.
Тој посочи дека како Општина Штип веќе работат во штипската приградска населба Стар Карорман на делумно проширување и поставување на тротоарски површини, токму покрај овај регионален пат кој води до населените места во Општина Карбинци. Тротоарските површини се за поголема безбедност на пешаци, но и за сите у Директорот на ЈПДП, Трајановски истакна дека оваа лето се ставени во функција сите асфалти бази на „Македонијапат“, со што се работи на реконструкција и рехабилатција на регионалните патишта во земјава. Посочи дека се трудат да ги направат пред се приодите кон градовите, а веќе се реализирани во општините Велес, Свети Николе, Јагуновце и во Тетово кај Речецица. Целта е и да се изградат обиколници во неколку општини, со цел регионалните патишта да не поминуваат низ градовите, какошто се Кавадарци, Ресен и од Битола до Меџитлија. вдј/бт/
Фото: МИА