Во БиХ пристигнуваат резервните сили на ЕУФОР
- Резервните сили на ЕУФОР денеска пристигнуваат во Босна и Херцеговина, по копнен пат, преку граничните премини Свилај и Бијача на границата со Хрватска и по воздушен пат, преку аеродромот во Сараево, соопшти ЕУФОР
- Post By Марина Илиевска
- 17:20, 11 March, 2025

Сараево, 11 март 2025 (МИА) – Резервните сили на ЕУФОР денеска пристигнуваат во Босна и Херцеговина, по копнен пат, преку граничните премини Свилај и Бијача на границата со Хрватска и по воздушен пат, преку аеродромот во Сараево, соопшти ЕУФОР.
Во соопштението се наведува дека во следните денови силите на ЕУФОР ќе бидат засилени со војници, возила и хеликоптери од Чешка, Италија и Романија.
Претходно беше најавено дека околу 400 војници од резервните сили на ЕУФОР ќе пристигнат во БиХ, која се соочува со една од најголемите политички и безбедносни кризи во постдејтонскиот период. ми/
фото: МИА архива