• Wednesday, 12 March 2025

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

12 март 2025

Париз - Средба за Украина меѓу министрите за одбрана на Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија.

Берлин - Средба на германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Торонто - Состанок на министрите за надворешни работи на Групата седум најиндустриски развиени земји (Франција, Италија, Јапонија, Канада, Германија, САД, Велика Британија).

Вашингтон - Средба на американскиот претседател Доналд Трамп со ирскиот премиер Мајкл Мартин.

Панама - Форум за иднината на Панамскиот канал.

Тирана - Европската комесарка за проширување Марта Кос е во посета на Албанија до 14 март.

Белград - Комеморација на 22-годишнината од атентатот на премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ