• Wednesday, 12 March 2025

Макрон: Сега топката е кај Русија

Макрон: Сега топката е кај Русија

Париз, 11 март 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон им се придружи на светските лидери во поздравувањето на одлуката на Украина да прифати привремен 30-дневен прекин на огнот во војната која Русија ја почна пред три години.

- Топката сега јасно е на руската страна, порача Макрон.

- Франција и нејзините партнери остануваат посветени на постигнување цврст и траен мир, со силни безбедносни гаранции за Украина, додаде францускиот претседател. ссм/

фото: ЕПА