Војнеска-Зикова за изборот на најдобрите: Резултатите во атлетиката се мерливи и транспарентни
- Како што изјави претседателката на Атлетската федерација на Северна Македонија, Александра Војнеска Зикова во интервју за МИА, најдобра спортистка во сениорска категорија ќе биде Дрита Ислами, додека, најдобар спортист ќе биде Дарио Јовановски. Спортисти кои, како што рече „оставија голем печат во изминатата деценија“.
Скопје, 23 декември 2024 (МИА) – Признанија за спортисти во пет категории ќе бидат доделени на церемонијата за доделување на наградите за најуспешните во атлетскиот спорт што ќе се одржи утре во организација на Атлетската федерација на Северна Македонија.
Како што изјави претседателката на АФСМ, Александра Војнеска-Зикова во интервју за МИА, за најдобра спортистка во сениорска категорија е прогласена Дрита Ислами, додека, најдобар спортист ќе биде Дарио Јовановски. Спортисти кои, како што рече „оставија голем печат во изминатата деценија“.
- За среќа дејствувам во спорт каде што имаме бројки, имаме таблица од Светска атлетска федерација којашто го вреднува секој резултат и значи врз основа на постигнатиот резултат се добиваат одредени поени. И тоа е толку една чиста работа, изјави Војнеска-Зикова.
Дополни дека ќе бидат доделени награди во уште четири категории: младинци, млади младинци, пионери и млади пионери, како и награди за најдобар клуб и за животно дело.
Во интервјуто за МИА кое ќе може да го прочитате наскоро, претседателката Војнеска-Зикова зборува и за актуелните предизвици на федерацијата, постигнувањата на атлетичарите и атлетиката како основа за развој на националниот спорт.ар/зс
Фото:МИА