ПМФЛ: Цикарски четврто засилување на Вардар пред пролетната сезона
- Искусниот 31 годишен дефанзивец Мите Цикарски ги засили редови на Вардар пред стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Скопје, 23 декември 2024 (МИА) – Искусниот 31 годишен дефанзивец Мите Цикарски ги засили редови на Вардар пред стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Цикарски, кој потекнува од фудбалската академија на Вардар се врати во црвено – црните редови од екипата на Македонија Ѓ.П. Искусниот лев бек кариерата настапуваше и за Работнички, Брера, Етникос, ПАС Јанина, Газ Метан и Ботев Пловдив.
Цикарски со Вардар освои две шампионски титули, во сезоните 2011/12 и 2012/13, како и куп титула со Работнички во 2015.
Цикарски е четвртото засилување на Вардар по завршувањето на есенскиот дел од сезоната по Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Михал Пинтер. ег
ФОТО: ФК Вардар/Фејсбук