• Saturday, 22 February 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти - трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90-тите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС стана најголем анти - трампистички лидер во регионот, дали отстапија од курсот на државата утврден уште во 90-тите

Скопје, 21 февруари 2025 

Со зачуденост, но и со доза на загриженост, ја следиме вчудоневидувачката трансформација на СДС во анти-трампистички лидер во регионот.  

Очигледно, за СДС не е никаков проблем нивниот близок пријател и коментатор, Сашо Орданоски, јавно да го навредува актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „лажго, неонацист и необразован политичар“. 
И што прави СДС по ова?
Громогласно молчи!

Се прашуваме, 
Дали ова значи нивно отстапување од државниот курс утврден уште во 90-тите години? 
Дали можеби Левица го одигра своето влијание врз раководството на СДС и нивните сателити?
Или пак, ова е резултат на мрачните структури поврзани со тајните служби од регионот кои работат Македонија да скршне од својот евроатлантски пат?  

Што е следно? 
Венко и Фани да играат на „Расцветјали јаблани и круши“, додека Фрчкоски и Чупеска во прв ред аплаудираат?
Вратете се на курсот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива