• Tuesday, 07 January 2025

Бадникова поворка во Кавадарци

Бадникова поворка  во Кавадарци

Кавадарци, 6 јануари 2024 (МИА) - Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање во Кавадарци.

Поворката, што по осми пат се организираше во градот, тргна од црквата “Света Петка“, помина преку централното градско подрачје и стигна до градскиот плоштад. Пред зградата на општината, децата со подароци ги пречека кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата, рече меѓу другото Јанчев.

Свештените лица се осврнаа на значењето на празникот и на тоа како тој правилно да се одбележува. Пред присутните се обрати протоереј Сашо Ристов. 

- Дечињата ги претставуваат ангелите божји. Тие се без грев по душа и тело и претставувајќи ги ангелите божји, го наговестуваат раѓањето на нашиот спасител, Господ Исус Христос, рече Ристов. свд/вг/


Фото : МИА архива