• Wednesday, 08 January 2025

Минчев: Божиќ е време кога се потсетуваме на вистинските вредности 

Минчев: Божиќ е време кога се потсетуваме на вистинските вредности 

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

- Во духот на празничната магија, дозволете ми од сè срце да Ви го честитам Божиќ – празникот на радоста, надежта и љубовта! Овој свет ден нека донесе топлина во Вашите домови, спокојство во срцата и заедништво меѓу сите нас, се наведува во честитката.

Минчев посочува дека Божиќ е време кога се потсетуваме на вистинските вредности – почит, солидарност и заеднички стремеж за подобро утре.

- Нека овој празник биде инспирација за сите нас, да градиме подобра иднина со хуманост, разбирање и единство. Среќен Божиќ!, наведува Минчев во честитката. фф/бак/

Фото: МИА Архива