• Wednesday, 08 January 2025

Мицкоски: Мораме да привлечеме инвестиции со напредна технологија

Мицкоски: Мораме да привлечеме инвестиции со напредна технологија

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа година да финишираат преговорите со голем дел од странските инвеститори со кои се преговара и да се потврди или надмине бројката од една милијарда евра странски инвестиции.  

- Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека  мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата. Другата веќе ја најавивме и очекувам конечно некаде јуни-јули да го ставиме камен темелникот. Тоа е ветерниот парк од половина милијарда долари. Така што очекувам успешна и плодна година, изјави Мицкоски по свечената литурија по повод Божиќ одржана во Соборниот храм во Скопје. 

Според премиерот, иако индустриското производство бележи пад и има економска криза во Германија која е наш најголем трговски партнер, она што ќе го помага економскиот раст се инвестициите, потрошувачката и намалената разлика меѓу увозот и извозот. Мицкоски очекува да бидеме меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа. бд/бак/

Фото: МИА архива