• Thursday, 15 January 2026

Малолетник од Кочани осомничен за крвнички напад врз 19-годишен жител на општината

Малолетник од Кочани осомничен за крвнички напад врз 19-годишен жител на општината

Кочани, 14 јануари 2026 (МИА) - Седумнаесетгодишник од Кочани е осомничен за крвнички напад врз 19-годишен жител на општината, информира СВР Штип. Жртвата со тешки телесни повреди е пренесена на Клиниката „Мајка Тереза“ - Скопје

Во поднесокот е наведено дека на 13.1.2026, во 18.30 часот. во Кочани, полициски службеници лишија од слобода 17-годишник постапувајќи по претходна пријава и поради сомнение дека на 12.1.2026 во Кочани физички го нападнал М. Џ. (19) од Кочани и му нанел тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кочани по што е пренесен на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Штип. ис/

Фото: СВР Штип