Кривична пријава за лице од Октиси за производство и продажба на дрога
- Струшката полиција поднела кривчна пријава против 44-годишно лице од струшкото село Октиси за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 15 јануари 2026 (МИА) - Струшката полиција поднела кривчна пријава против 44-годишно лице од струшкото село Октиси за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, соопшти денеска СВР Охрид.
Според инфорнацијата, на 30 јули минатата година во селото Велешта, струшко, полициски службеници извршиле преглед во возилото кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до Основното јавно обвинителство Струга, поднесе кривична пријава против Н.Љ.(44) од селото Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, стои во информацијата. сс/дма/
Фото: МИА архива