• Saturday, 13 December 2025

Јулија Свириденко: Украина и САД формираа заедничка работна група за економска акција

Јулија Свириденко: Украина и САД формираа заедничка работна група за економска акција

Киев, 12 декември 2025 (МИА) – Украина и Соединетите Американски Држави формираа заедничка работна група за развој на оперативен план за економска акција во рамките на процесот на обезбедување одржлив и праведен мир за Украина, соопшти денеска украинската премиерка Јулија Свириденко.

- Одржавме состанок со претставниците на американскиот претседател, Џаред Кушнер и Стивен Виткоф, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, и извршниот директор на компанијата БлекРок, Лари Финк, информира украинската премиерка на Телеграм.

Таа додаде дека украинската влада продолжува да соработува со американските партнери во економската сфера, со учество на меѓународни финансиски институции, пренесува Укринформ.

Како што изјави таа, украинскиот тим е подготвен да работи со ист интензитет како и нивните американски партнери.

- Економските планови имаат шанси да бидат успешно спроведени доколку се воспоставени цврсти безбедносни гаранции, како што изјавија американските претставници на состанокот, нагласи Свириденко. јт/

Фото: Свириденко на Х