• Monday, 17 March 2025

Штипјани се простуваат од загинатите во несреќата во Кочани

Штипјани се простуваат од загинатите во несреќата во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - На градскиот плоштад во Штип вечерва се собираат граѓани кои палат свеќи за загинатите во трагичната несреќа во Кочани, јави дописникот на МИА од овој град. 

Во пожарот во Кочани загинаа петмина граѓани на Штип меѓу кои три деца и двајца возрасни. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски. бак/

Фото: МИА