• Tuesday, 18 March 2025

НАКС изразува сочувство за настраданите во пожарот во Кочани

НАКС изразува сочувство за настраданите во пожарот во Кочани

17 март 2025

Со неизмерна тага ја примивме веста за страшната трагедија што го погоди Кочани. Бројот на загинати и повредени нè остава во шок на неверување и длабока болка. Со огромно жалење информираме дека меѓу загинатите е и нашата членка проф. м-р
Сара Пројкоска, вонредна професорка на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Губитокот е ненадоместлив, а нашите мисли се со нејзиното семејство, пријатели и колеги. Најискрено сочувствуваме со сите што загубија блиски и изразуваме надеж за брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки мигови, потребни ни се солидарност, хуманост и заедништво. Време е да покажеме поддршка на оние што изгубија најмногу, на оние што се борат за живот и на сите што ќе ги носат последиците од оваа страшна ноќ. НАкС ќе биде тука да помогне – на своите членови, но и на сите колеги и граѓани – со сите капацитети што ги имаме.

Бараме и одговорност!

Бидејќи ова не е само трагична несреќа – ова е последен во низата настани кои можеле да бидат спречени и кој одново укажува на нефункционален систем. Општествената децениска неодговорност и негрижата ги земаат своите жртви. Нашата порака е јасна: треба да се избориме за систем што ќе го заштити животот.

Со најдлабоко сочувство и солидарност,

Независен академски синдикат (НАкС)

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки