• Saturday, 28 December 2024

Штипската лабароторија АМБИКОН завршува со мерењата на загаденоста на воздухот во пет општини, проектот продолжува во 2025 година

Штипската лабароторија АМБИКОН завршува со мерењата на загаденоста на воздухот во пет општини, проектот продолжува во 2025 година

Штип, 27 декември 2024 (МИА) - Освен многу денови со надминати прагови за квалитет на воздух, крајот на 2024 година го одбележaа и други „краеви“, истакна тимот на лабароторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) -Штип во денешното писмено соопштени. Информираат и дека по завршување со едногодишните мерења и анализи за квалитет на амбиентниот воздух во пет општини Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица, како и на воздухот внатре во градинките и училиштата, сепак ќе има продолжување на проектот, во новата 2025 година.

- Во 2024 година крај на форумите со заедниците каде граѓаните имаа можност активно да учествуваат во избор на конкретни мерки акции за чист воздух во нивната општина; крај на шпекулациите кој го загадува воздухот засновани на научни докази и стручни мерења, се вели во соопштението од лабароторијата АМБИКОН при УГД-Штип.

Посочуваат дека сепак крајот на 2024 година го одбележаа и многу почетоци: нови акции и мерки за чист воздух во сите пет општини кои ќе се реализираат во 2025 година со 50 отсто кофинансирање од самите општини и 50 отсто од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Шведска.

- Нови и ефикасни планови за чист воздух во сите пет општини, нови алатки со конкретни знаења и добри практики за чист воздух од целиот свет кои можеме да ги искористиме и кај нас, нови построги прагови за чист воздух усвоени во Европската Унија, велат тимот на АМБИКОН. вдј/дма/

Фото: МИА