• Tuesday, 11 February 2025

Ракометарите на Алкалоид кои настапија на Мундијалот беа на прием кај Мукаетов

Ракометарите на Алкалоид кои настапија на Мундијалот беа на прием кај Мукаетов

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Членовите на РК Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет денес беа на прием кај генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов.

На средбата, Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување и за постигнатите резултати. Тој ја нагласи и важноста на нивното учество како дел од националната репрезентација и нивниот придонес како членови на клубот. 

По тој повод Мукаетов им додели благодарници и им посака уште поголеми успеси во иднина.

РК Алкалоид на Светското првенство 2025 го претставуваа ракометарите: Марко Кизиќ, Иван Галевски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Александар Петковски, Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Марко Стојковиќ. Во стручниот штаб на националниот тим беа: селекторот Кирил Лазаров, помошникот Билјана Црвенкоска, кондицискиот тренер Петар Баснарков и физиотерапевтот Тоше Трајковски. зс/

Фото: РК Алкалоид