Фондацијата „Елеуса“ организираше хуманитарен концерт во Босилово
- Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ синоќа во Босилово органираше хуманитарен концерт насловен како „Концерт на добрината“, а собраните средства од продажбата на влезниците и донациите се наменети за лекување на Наце Ристов од селото Едрениково, кој боледува од карцином на лимфните жлезди и се лекува во Турција.
Босилово, 13 јануари 2025 (МИА) - Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ синоќа во Босилово органираше хуманитарен концерт насловен како „Концерт на добрината“, а собраните средства од продажбата на влезниците и донациите се наменети за лекување на Наце Ристов од селото Едрениково, кој боледува од карцином на лимфните жлезди и се лекува во Турција.
Во преполната сала на Домот на културата настапија ВИС „Стихири“ од Струмица и Ансамблот „Симбиоза“ од Скопје, а влезниците по цена од 150 денари беа продадени за неполн час.
Покрај собраните средства од влезниците, организаторите собраа и значителни средства од донации на посетителите на концертот кои оставаа пари во кутиите за донации. рт/
Фото: Општина Босилово