Финалисма би можела да се одржи во два натпревара во Аргентина и Шпанија
- Организаторите на Финалисма размислуваат за двомеч помеѓу Шпанија и Аргентина, објави „ТНТ Спортс“.
Буенос Аирес, 14 март 2026 (МИА) - Организаторите на Финалисма размислуваат за двомеч помеѓу Шпанија и Аргентина, објави „ТНТ Спортс“.
Оваа опција ја предложи Аргентинската фудбалска федерација (АФА), која не сака Финалисма да се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Натпреварот помеѓу победникот на Европското првенство и освојувачот на Копа Америка првично беше закажан да се одржи на стадионот „Лусаил“ во Катар, но тимовите не се подготвени да патуваат на Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт што започна на 28 февруари по воздушните напади на САД и Израел врз Иран.
На 12 март беше објавено дека Финалисма, закажана за Доха, Катар, веројатно ќе се премести во Мадрид на 27 март. зс/
Фото: ЕПА