Гвардиола: Ако изгубиме бодови против Вест Хем, сè е завршено за нас
- Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги процени изгледите на својот тим за титула пред нивниот натпревар од 30. коло од англиската Премиер лига против Вест Хем.
Лондон, 14 март 2026 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги процени изгледите на својот тим за титула пред нивниот натпревар од 30. коло од англиската Премиер лига против Вест Хем.
- Го имаме Вест Хем на патот. Премиер лигата е најтешкото натпреварување. Сè уште сме втори, знаејќи дека ако изгубиме бодови, сè е завршено за нас. Секогаш велев дека во последните 10 натпревари, секој тим се бори за нешто - место за опстанок, место во Лигата на Европа, место во Лигата на конференцијата, место во Лигата на шампионите, шампионатот. Тоа е нормално, секој натпревар е важен. Сега нема да има втора шанса, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Натпреварот Вест Хем - Манчестер сити ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот.
Сити е втор на табелата во Премиер лигата, седум бода зад лидерот Арсенал и натпревар помалку. зс/
Фото: ЕПА