• Tuesday, 11 February 2025

ФИА ги утврди директорот и неговиот заменик на трките во Формула 1 за сезоната 2025

ФИА ги утврди директорот и неговиот заменик на трките во Формула 1 за сезоната 2025

Лондон, 10 февруари 2025 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ја утврди структурата која ќе раководи со трките во Формула 1 за претстојната сезона. 

На крајот на минатата година, Нилс Витич ја напушти функцијата директор на трки во Формула 1. Тој подоцна изјави во интервју дека е отпуштен. За време на последното Гран при од минатата сезона, Витич беше заменет како директор на трки со Руи Маркес, кој имаше слични одговорности во Формула 2 и Формула 3. 

Сега, како што дознава „The Race“, Маркес е потврден како нов Формула 1 тркачки директор и ќе работи за претстојната сезона.

Функцијата заменик директор на Формула 1 трки ќе ја преземе жена. Се работи за Клер Дабелман.

Таа се приклучи на ФИА во 2017 година. Нејзината последна позиција беше менаџер на Светскиот шампионат на ФИА, каде што надгледуваше вкупно 26 тркачки серии, вклучувајќи ги Формула 2 и Формула 3. Каде што помагаше и во работата, како заменик директор на трки. зс/

Фото: ЕПА