• Tuesday, 18 March 2025

Универзитетското студентско собрание на УКИМ со јавно извинување за говорите на денешниот настан

Универзитетското студентско собрание на УКИМ со јавно извинување за говорите на денешниот настан

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Универзитетското студентско собрание на УКИМ на својата Фејсбук страница попладнево упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан во Универзитетскиот кампус. 

-Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и за секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никакви говори, се наведува во објавата на Фејсбук. 

Универзитетското студентско собрание на УКИМ денеска организираше собир „Заеднички час“ кој започна со седумминутен молк на преполниот кампус на Скопскиот универзитет каде што студенти и професори им оддадоа почит на жртвите во пожарот во Кочани. На настанот се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска. ев/са/

ФОТО: Фејсбук