Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Во 14.55 попладнево е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево- Гостивар преку планинскиот премин Стража.
Од диспечерски– информативен центар ЈП Македонијапат информираат дека се уште е на сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар -Кичево. цр/нд/
Фото: МИА архива