• Thursday, 26 December 2024

Азири: Говорот на Сиљановска Давкова беше повеќе теоретски отколку прагматичен

Азири: Говорот на Сиљановска Давкова беше повеќе теоретски отколку прагматичен

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Говорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Собранието беше повеќе теоретски отколку прагматичен, оцени пратеникот на „Европски фронт“, Ељми Азири.

- На претседателката на државата тешко и е да излезе од својата базична професија - професорската, недостасуваше прагматичкиот дел односно недостасуваше нејзината уставна улога како лидер на државата во давање на насоки како треба да се решаваат одредени проблеми во опшетството и во државата во целина. Таа се наврати на неколку димензии во неколку сегменти на општествено-политичкикот живот, но за жал по наше мислење, таа не даде ниедна насока, односно не даде ниедна шанса во насока на реализирање на уставните измени во нашата држава кои се предуслов за започнување на преговорите со ЕУ. Дури во нејзиниот говор таа повеќе пати се осврна кон потребата за реформи внатре во ЕУ, што мислам дека не е нејзина задача, не е нејзина улога уште повеќе што нашата држава не е членка на ЕУ, рече Азири.

Ги повика челниците на државата да преземаат одговорност и посочи што е можно побрзо како држава да ги реализираме обврските кон ЕУ за што побрзо да почнат преговорите со Унијата. Според Незири, претседателката не се осврнала воопшто на одредени случувања кои, како што рече, се однесуваат на внатрешната кохезија и меѓуетничките односи. 

- Некои одлуки што ги зазема Уставниот суд коишто допрва треба да се донесат во март или во мај, сметам дека значително ќе влијаат врз меѓуетничките односи и врз внатрешната кохезија. Исто така, претседателката не се осврна воопшто и кон непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, почнувајќи од Собранието каде што претседателката на државата пред неколку месеци беше и сама пратеник во овој дом, рече тој.

Според Азири, обврска на државата е да ги донесе уставните измени бидејќи европските претставници укажуваат дека Преговарачката рамка не се менува.

- Претседатлеката треба да се издигне над политичките партии, над институциите и да заземе одговорност. Би сакале сите предлози што излегуваат од Северна Македонија, од нашите институции, да се прифатат во Брисел, но за жал, од сите можни претставници од Брисел гледаме дека Преговарачката рамка не се менува и дека обврска на Република Северна Македонија се уставните измени, рече пратеникот Азири. фф/бак/

Фото: МИА