Турскиот амбасадор Улуциј во посета на Дебар
- На средбата со градоначалникот Фисник Меља, разговараа за одличните односи меѓу двете пријателски земји, можностите за продлабочување на институционалната соработка, како и за конкретни проекти од заеднички интерес, особено во областа на културата, образованието, туризмот и локалниот развој, информираа од општината.
Дебар, 27 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улуцој, денеска престојуваше во посета на Дебар.
-На средбата со градоначалникот Фисник Меља, разговараа за одличните односи меѓу двете пријателски земји, можностите за продлабочување на институционалната соработка, како и за конкретни проекти од заеднички интерес, особено во областа на културата, образованието, туризмот и локалниот развој, информираа од општината.
Во рамки на престојот во Дебар, амбасадорот присуствуваше во петочната молитва, џума-намаз, во централната џамија "Хаџи Вехби Дибра", еден од најзначајните верски објекти во градот.
-Посетата продолжи со обиколка на неколку значајни споменици и карактеристични точки од културното наследство на Дебар, меѓу кои градскиот амам кој сега етнолошки музеј, старите традиционални дебарски куќи, како и Хинќар џамијата, при што одблиску се запозна со историските, архитектонските и духовните вредности што го карактеризираат нашиот град.
-Општина Дебар изразува благодарност за посетата на Неговата Екселенција и ја потврдува својата подготвеност за понатамошно зајакнување на соработката со Република Турција, во интерес на граѓаните и заедничкиот развој, наведуваат од општината. вт/аа/
Фото: Општина Дебар