Андоновски: Треба да поттикнуваме развој на сите медиуми, првпат носиме стратегија
- - Стратегијата ќе ја носиме бавно, со широки дискусии, веќе почна со работа работна група, во рамки на еден поголем ИПА проект. Ќе донесеме решение за сите предизвици, дали е закон за МИА, дали е закон за МТВ, за аудиовизуелни медиумски услуги... Мора да носиме закони што ќе ни ги поткреваат стандардите и ќе ни даваат простор за развој, рече вечерва Андоновски во гостување на ТВ Телма.
Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Првпат ќе донесеме стратегија за развој на медиумите, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
- Стратегијата ќе ја носиме бавно, со широки дискусии, веќе почна со работа работна група, во рамки на еден поголем ИПА проект. Ќе донесеме решение за сите предизвици, дали е закон за МИА, дали е закон за МТВ, за аудиовизуелни медиумски услуги... Мора да носиме закони што ќе ни ги поткреваат стандардите и ќе ни даваат простор за развој, рече вечерва Андоновски во гостување на ТВ Телма.
Тој дополни дека треба да се поттикнува развој на сите медиуми, независност, транспарентност и чесни правила на игра. лв/аа/
фото: МИА архива