• Tuesday, 25 June 2024

Три лица го загубија животот, а девет се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Колумбија

Три лица го загубија животот, а девет се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Колумбија

Богота, 23 јуни 2024 (МИА) - Три лица загинаа, а девет се повредени во експлозија на автомобил-бомба во колумбискиот град Таминанго, во јужната област Нарино, соопштија локалните власти.

Гувернерот на областа Нарино, Луис Алфонсо Ескобар потврди дека меѓу загинатите има двајца граѓани и еден млад полицаец и остро го осуди „терористичкиот чин“, пренесоа колумбиските медиуми.

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро на платформата Икс изрази сочувство до семејствата на жртвите, предупредувајќи ги криминалците „кои го избираат патот на војната наместо мирот“ дека „ќе сносат целосна одговорност според законот“. рп/

Фото: МИА архива