• Tuesday, 03 February 2026

Во САД и во Канада традиционални манифестации по повод Денот на мрмотот

Во САД и во Канада традиционални манифестации по повод Денот на мрмотот

Питсбург, 2 февруари 2026 (МИА) - Во Соединетите Американски Држави и во Канада денеска се организираат настани за одбележување на Денот на мрмотот, каде што од овие крзнени „метеоролози“ предвидуваат колку ќе трае зимата и кога ќе се почувствува првиот мирис на пролетта.

Најпознатите настани се во американските сојузни држави Мичиген и Пенсилванија, а слични настани се одржуваат во повеќе од 28 американски држави и канадски провинции. Според урбаните верувања, ако мрмотот Вуди од Мичиген или Панксатони Фил, кој живее кај Панксатони, Пенсилванија, не ја видат својата сенка денеска, пролетта ќе пристигне порано... А ако животното излезе од својата дупка и си ја види сенката, според преданието, зимата ќе трае уште шест недели.

Денот на мрмотот се слави на 2 февруари од 19 век. По филмот „Денот на мрмотот“ (Groundhog Day) од 1993 година, во кој глумат Бил Мареј и Енди Мекдауел, овој американски обичај се чини стана и светски попопуларен.

Жителите и посетителите на Мичиген, кои сакаат да го видат Вуди во живо, може да му се приклучат на годишниот настан што го организира Природонаучниот центар „Хауел“ од 7.30 до 8.30 часот по локално време, на патот Трајангл Лејк.

Собирот во Пенсилванија, пак, „Ју-ес-еј тудеј“ (USA Today) ќе го пренесува во живо.  си/ми

Фото: МИА архива.