Тошковски: Инвестираме во современи услови за работа на полицијата и поквалитетни услуги за граѓаните
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром. Новата полициска станица, која, според Министерството за внатрепни работи, претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти, е проектирана со главен влез за граѓаните од страната на булеварот, со цел полесен и попрактичен пристап, како и дополнителен влез на задната страна за службени потреби. Објектот, како што информира МВР, располага со 36 паркинг места и целосно уредена атмосферска и фекална канализација, а гасоводните инсталации се заштитени според највисоки безбедносни стандарди.
You need to login to view this page en