• Saturday, 28 September 2024

Тејтум: Го „бркам“ Лери Бирд, најдобриот во историјата на Селтикс

Тејтум: Го „бркам“ Лери Бирд, најдобриот во историјата на Селтикс

Бостон, 28 септември 2024 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум проговори за својата мотивација.

- Не обрнувам премногу внимание на малите придружни ситуации. Мојата главна мотивација доаѓа од нашата шампионска победа. Тежнеам кон совршенство. Не сум целосно задоволен. Лери Бирд беше најдобриот што носеше дрес на Селтикс. Тоа го „бркам“. И да не стигнам до неговото ниво, заостанувам малку, тоа ќе биде проклето голема кариера. Така, мојата мотивација е да ги бркам најдобрите играчи во историјата, изјави Тејтум.

Кошаркарот стана шампион во НБА-лигата предводејќи го трофејот Бостон селтикс во сезоната 2023/24. зс/

Фото: ЕПА