• Sunday, 29 September 2024

Ѓорческа запрена во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања

Ѓорческа запрена во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 28 септември 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

Ѓорческа која е 233-та на ВТА ранг-листата, во денешното полуфинале загуби од домашната натпреварувачка, Лола Радивојевиќ (229. на ВТА) со 2:1.

Првиот сет заврши со тај-брејк (7:6) и го доби Радивојевиќ. Шорческа го изедначи резултатот по 6:3 во вториот сет. Во решавачкиот сет Србинката беше убедлива со 6:0.

Овој турнир е од серијата ИТФ Фјучрс 75 и е со награден фонд фонд 60.000 долари. зс/

Фото: Фејсбук